Избрана статија за оваа седмица
|
---|
Бактерии — голем домен на прокариотски микроорганизми. Типично се неколку микрометри во должина и се среќаваат во голем број на облици, вклучувајќи сфери, стапчиња и спирали. Бактериите се едни од најстарите животни форми на планетата и може да се најдат во скоро сите хабитати. Тие ги населуваат океаните, копното, врелите извори, екстремно кисели води и радиоактивни отпади, а може да се најдат дури и на големите длабочини на земјината кора. Тие исто така живеат во сложените повеќеклеточни организми како што се животните и растенијата, а со нив формираат симбиотски или паразитски односи. Повеќето бактерии се уште не се карактеризирани, а само околу половина од сите бактериски колена имаат видови кои може да се одгледуваат во лабораторија. Науката за бактерии се нарекува бактериологија и претставува гранка на микробиологијата.
Во еден грам почва има околу 40 милиони бактериски клетки, а во милилитар слатка вода има околу милион бактериски клетки. На планетата Земја има околу 5×1030 бактерии. Ова образува бактериска биомаса која е поголема од растителната и животинската биомаса заедно. Бактериите се неопходни за многу фази од циклусот на елементите во биосферата, како што се врзувањето на јаглеродот и азотот од атмосферата. Циклусот на елементите исто така вклучува разградување на телата на мртвите организми, а бактериите се најодговорни за фазата на гниење на овој процес. Во биолошките заедници кои живеат околу хидротермалните извори или студените извори, екстремофилните бактерии ги обезбедуваат виталните хранливи материи кои се неопходни да се одржи животот во овие средини; како што е искористувањето на метан и сулфурводород за продукција на енергија.
Порано бактериите се сметаа за растенија и се класифицираа во класата Schizomycetes. Денес бактериите се класифицираат како прокариотски организми кои за разлика од животинските, растителните и другите еукариотски организми не поседуваат клеточно јадро и немаат мембрански органели. Иако традиционално терминот "бактерии" се користеше за сите прокариоти, научната класификација се промени со почетокот на деведесетите години од дваесетиот век, по откритието дека археите се посебна група на прокариоти кои заедно со бактериите еволуирале од заеднички предок. Денес бактериите и археите се класифицирани во два одделни домени на животот, а третиот го чинат еукариотите. (Дознајте повеќе...)
архива · наредни избрани статии · критериуми
|
Слика и снимка на денот
|
---|
Хеликоптер „Ми-24/Ми-35“ на Чешкото воено воздухопловство.
|
Посета на планетариумот во Хамбург, февруари 2019 г.
|
|
|
Дали сте знаеле…
|
---|
Занимливости од содржините на Википедија:
- ... дека целата Британска Индоокеанска Територија (аргипелагот Чагос) воопшто нема постојано население?
- ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
- ... дека Општина Долнени има дури 184 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека споменикот „Валхала“ кај Регенсбург е здание во облик на антички храм кое ги чествува великаните од историјата на германските народи?
- ... дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
- ... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век?
- ... дека музејот Уфици во Фиренца еден од најстарите и најпосетуваните во светот?
- ... дека македонскиот народ во минатото галаксијата Андромеда ја нарекувал Гумно?
- ... дека Малдивите имаат просечна надморска висина од само 80 см?
- ... дека на Кавказот има дури три непризнаени држави — Апхазија, Јужна Осетија и Нагорно-Карабах (Арцах)?
- ... дека рускиот космонаут Алексеј Леонов е првиот човек во историјата кој излегол во отворена вселена?
- ... дека вредностите на водородниот показател (pH) за киселост или базност се логаритамски?
- ... дека мексиканскиот цар Максимилијан I бил помлад брат на австрискиот цар Франц Јозеф I?
- ... дека првите градови настанале во Сумерија во IV милениум п.н.е.?
- ... дека Средноатлантскиот Гребен е дел од подводен верижен систем кој се протега 40.000 км низ целиот свет?
- ... дека англискиот збор Thursday (четврток) доаѓа од старонордискиот Þorsdagr, што значи „Ден на богот Тор“.
- ... дека сè до 2015 г. во Западните Фјордови на Исланд важел закон дека секој Баскиец виден на таа територија треба да се убие на лице место?
- ... дека меѓународниот стандарден книжен број (ISBN) е воведен во 1970 година?
|
На денешен ден…
|
---|
Денес е 23 февруари 2019 г.
Настани:
303
|
Императорот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство.
|
1905
|
Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот.
|
1919
|
Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија.
|
1933
|
Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид.
|
1941
|
Откриен е плутониумот.
|
1945
|
Втора Светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.
|
1945
|
Втора Светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.
|
1947
|
Во Женева основана е Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
|
1967
|
Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите.
|
1970
|
Британска Гвајана стекна независност.
|
1994
|
На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.
|
1998
|
Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво.
|
Родени:
1417
|
Павле II — римски папа.
|
1685
|
Георг Фридрих Хендл — германскo-англиски композитор.
|
1864
|
Крсте Златарев — бугарски генерал.
|
1867
|
Александар Протогеров — бугарски генерал.
|
1868
|
В.Е.Б. Дибаа — американски борец за човекови права.
|
1879
|
Казимир Малевич — руски и советски сликар.
|
1883
|
Карл Јасперс — германски филозоф.
|
1889
|
Виктор Флеминг — американски филмски режисер.
|
1940
|
Питер Фонда — американски глумец.
|
1944
|
Џони Винтер — американски музичар.
|
1954
|
Виктор Јушченко — претседател на Украина.
|
1958
|
Дејвид Силвиен — англиски музичар.
|
1961
|
Ивица Вдовиќ — југословенски рок-музичар.
|
1964
|
Зоран Русоманов — македонски одбојкар.
|
1988
|
Михал Кубијак — полски одбојкар.
|
Починале:
1447
|
Евгениј IV — римски папа.
|
1792
|
Џошуа Рејнолдс — англиски сликар.
|
1824
|
Блазиус Мерем — германски зоолог.
|
1848
|
Џон Квинси Адамс — претседател на САД.
|
1934
|
Едвард Елгар — англиски композитор.
|
1945
|
Алексеј Толстој — руски и советски писател.
|
1955
|
Пол Клодел — француски поет, драматург и дипломат.
|
1979
|
Ќемал Ајдини — глумец во албанската драма при Театарот на народностите во Скопје.
|
2000
|
Стенли Метјус — англиски фудбалер.
|
2006
|
Телмо Зара — шпански фудбалер.
|
2007
|
Добрила Пуцкова — македонска глумица.
|
|
|
|
Што е Википедија?
|
---|
Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.
Сакате да помогнете? Започнете со нашиот вовед!
Содржина и помош
почетен курс ·
помош ·
кратко упатство ·
превод на статија ·
вашата прва статија ·
селска чешма ·
викисредби ·
начела и напатствија ·
категориски индекс ·
избрана содржина ·
добри статии ·
нови статии ·
потребни статии
|
Тематски портали
|
---|
Природни науки астрономија · биологија · геологија · екологија · информатика · математика · логика · медицина · физика · хемија
Општествени науки археологија · економија · историја · митологија · политика · право · психологија · социологија · филозофија
Географија Европа · Јужна Америка · Азија · Африка · Северна Америка · Антарктик · Океанија
Технологија и применети науки индустрија · семрежје · инженерство · земјоделство · општење · образование · транспорт
Уметност и култура архитектура · мода · јазици · кулинарство · ликовна уметност · книжевност · музика · религија · спорт · драмска уметност · телевизија · филмска уметност
|
Други области
|
---|
Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
Збратимени проекти
|
---|
Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:
|
Ризница Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
|
|
Викивести Вести со права за слободна употреба
|
|
Викиречник Речник и лексикон
|
|
Викицитат Збирка на цитати
|
|
Викикниги Учебници и прирачници со права за слободна употреба
|
|
Викиизвор Библиотека на дела со права за слободна употреба
|
|
Викивидови Именик на видови
|
|
Викиуниверзитет Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
|
|
Мета-вики Усогласување на проектот „Викимедија“
|
|
Википодатоци База на слободни знаења
|
|
Википатување Отворен туристички водич
|
|
|